Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли најави дека неговата земја нема да присуствува на годинешната церемонија на врачување на Нобеловата награда за литература, која му е доделена на австрискиот писател Петер Хандке.
Ваквата реакција од Приштина, но и од други држави, следуваат од причина што австрискиот писател Хандке своевремено му даваше отворена поддршка на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ, кој почина во притворното одделение на Меѓународниот суд во Хаг, каде му се судеше за воени злосторства.
„Косово нема да учествува на доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм годинава. Јас потврдувам дека нашата амбасадорка Шкендије Геци-Шерифи ќе го бојкотира овој настан поради контроверзниот добитник на наградата, Петер Хандке, пријателот и поддржувачот на политиката на Милошевиќ. Исто така очекувам и од амбасадорот на Албанија да дејствува на идентичен начин“, напиша Пацоли на фејсбук.