411
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им изјави доцна попладнево на новинарите во Собранието на Косово дека седницата за именување владин тим за преговори со Србија е одложена „за некој друг ден“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај не кажа кога точно ќе продолжи седницата, но порача дека „би било добро за владиниот тим за дијалогот со Белград да гласа и опозицијата“.
Вонредната седница, свикана на барање на премиерот, започна вчера претпладне и доживеа неколку неуспешни обиди за обезбедување кворум за изгласување на владиниот предлог за тим кој ќе учествува на преговорите со Србија во Брисел.