Столтенберг слета во Скопје, го пречека Шекеринска

by fokus 19:14
19:14

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва допатува во Скопје, во пресрет на референдумот закажан за 30 септември.

На скопскиот аеродром Столтенберг беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

- Advertisements -

Генералниот секретар на НАТО утре ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Спбранието Талат Џафери, а првиот човек на НАТО треба да има средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба.

По средбата Заев и Столтенберг ќе одржат прес-конференција.

Утре вo својата агенда покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.

Во пресрет на референдумот, во Скопје неделава доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.

Поврзани новости