471
Министерот за инфраструктура и животна средина на Косово, Љумир Абдиџику, побара времено одложување на сите летови од северна Италија на меѓународниот аеродром во Приштина коронавирусот.
Како што објави МИА, Абдиџику информацијата ја објави преку својата страница на фејсбук, каде информира дека забраната на летовите од регионот кој италијанските власти го ставија под карантин е препорачана од Националниот институт за здравство.
„Денеска во 12.40 часот добивме итна препорака од Националниот институт за здравство за одлагање на сите летови кои доаѓаат од зоната на епидемија во северна Италија – како рефлексија на карантинот воведен од италијанската влада во борбата против коронавирусот“, пишува Абдиџику.