Коски пронајдени кај охридското село Рамне: Полицијата се сомнева дека се човечки?

by Fokus

Во Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера било пријавено дека во месноста „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне биле забележани коски што наликувале на човечки остатоци.

Екипа на охридската полиција по овластување на Јавен обвинител веднаш излегла на терен и извршила увид на лице место. Преземени се активности за расветлување на настанот, а ДНК-анализите и истрагата ќе утврдат дали станува збор за човечки остатоци.

Поврзани новости