439
Алфа Каба, кошаркарот на Будуќност од Подгорица паднал во несвест додека чекал ред во банка и морал итно да биде пренесен во болница.
Медиумите во Црна Гора пренесуваат дека Каба се до моментот кога изгубил свест не покажувал знаци дека може да се случи такво нешто. Пристутните кои во тие моменти биле во банката веднаш повикале брза помош.
Тој бил префрлен на Ургентиниот центар во Подгорица, а директорот Небојша Брновиќ откри дека кошаркарот не бил во животна опасност.
„Беше примен во болница и засега е во стабилна состојба. Иако не е во животна опасност ќе мора да се направат дополнителни прегледи“, изјави Брновиќ.