Пендаровски нема да оди на отворање на здружението во Благоевград, не бил поканет

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски во недела нема да оди во Благоевград на отварањето на клубот Никола Вапцаров на ОМО Илинден Пирин, бидејќи не бил поканет.

-Ако го занете соопштението на оние кои го организираат тоа, тие мене не ме поканија, иако тоа ме чуди, затоа што дел од тие луѓе кои ја отвораат таа спомен куќа или дом, затоа што тоа не е регистрирано според бугарските прописи и е приватна иницијатива, беа кај мене со ОМО Илинден заедно со други организации на Македонци од Бугарија, рече претседателот Пендаровски додавајќи дека тоа бил прв официјален прием на Македонци од Бугарија од осамостојувањето од Бугарија.

Тој додаде дека за 31 година независност, никој не ги примил како група Македонци од Бугарија. Тоа, додаде претседателот, е грижата на нашата држава за дијаспорите околу.

Во врска со бугарските здруженија во земјава претседателот Пендаровски смета дека не треба да се дозволи да носат имиња на, како што нагласи, докажани фашистички соработници. Според него, доколку по најавите од Министерството за правда дека и ако биде донесен нов закон за здруженија, тој не може да важи ретроактивно  може да се преиспита работата на постоечките здруженија.

-Има државни институции, како на пример Јавното обвинителство, кои можат да ја преиспитаат работата на постојните клубови, бидејќи е неспорна една од основите да ја преиспиташ работата е дали тие со својата активност разгоруваат национална или верска омраза и нетрпеливост. По мене да, рече претседателот Пендаровски во Тема на Денот на ТВ Сител.

Поврзани новости