198
Поранешниот осуденик за настаните од 27 април 2017 година, Горан Ангелов – Ќосето, реагираше на одлуката судот да му определи куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.
Ангелов, кој помина осум години во затвор по пресудата за насилниот упад во Собранието и беше обвинет за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, јавно ја критикуваше одлуката за домашен притвор.
„Во оваа држава само поштените лежат затвор!“, напиша Ангелов во својата реакција.
Тој додаде и: „Знаеш како викаат: ако законите важат за тебе во Македонија, значи не си успеал во животот“, како и „Среќа му се падна грепка со куќен притвор. Наместена лотарија“.