170
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, со заострена и саркастична забелешка го оцени образложението во случајот со Артан Груби. Тој напиша: „‘Сам се пријавил, ама од бегство’ е најновиот правен контрадикторен изум, нечуен и невиден дотогаш, а успешно создаден од страна на обвинителот и судијата во случајот со Груби“.
Во својот пост, Апасиев ги повика, како што наведе, „колегите професори по кривично право“ веднаш да го патентираат и да го објават во научен труд со висок импакт-фактор, нагласувајќи дека такво дело би било корисно „за реизбор, согласно новите критериуми на министерката“.