Корубин од ЛДП ќе настапува како независна пратеничка

by Fokus

Никица Корубин,  пратеник од редовите на ЛДП, објави на фејсбук дека ќе настапува како независен пратеник.

„Сакам да ве информирам, дека од денес настапувам како независен пратеник/ЛДП во Собранието на Република Македонија, во рамките на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Утре ќе го известам Претседателот на Собранието на Република Македонија. Во рамките на ЛДП ќе делувам како фракција. Ако сакаме демократија во општеството, мора да имаме демократија во политичката партија. Лошите пракси во политичката партија се рефлектираат во државата и општеството. Затоа мора да се спротиставиме на секое нарушување на принципите на делување по правила и стандарди, бидејќи политиката не е за личниот, туку за општиот интерес. Од секого од нас зависи, само доколку ја разбереме моќта на позицијата која ја имаме – напиша на својот фејсбук профил Корубин.

Поврзани новости