Ја натепал поради паркинг место

by Fokus

Четириесет и тригодишната М.Т. од Скопје вчера пријавила дека околу 12:30 часот на паркинг на улица “Св. Кирил и Методиј” од страна на непознато машко лице била физички нападната поради недоразбирање околу паркирањето.

По преземени мерки констатирано е дека сторител е И.К. (54) од Скопје и против него е поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости