Европа, соочена со вториот бран на корона вирус, го надмина прагот на 250.000 смртни случаи. За една недела се забележани повеќе од 8.000 смртни случаи, што е најтешкиот неделен биланс од средината на мај. Бројни европски земји се обидуваат да се заштитат со воведување построги мерки.
Рекорден број на случаи на Ковида-19 се забележани во Франција за време на викендот, а поради зголемувањето на бројот на заразени, во саботата беше воведен полициски час од 21 до 6 часот наутро, што ќе трае најмалку еден месец, пренесува Би-Би-Си и додава дека секој што ќе го прекрши, мора да има валидна причина за тоа или да плати казна од 135 евра.
Од денеска, сите барови и ресторани во Белгија се затворени четири недели, а полицискиот час е во сила од полноќ до пет наутро. Исто така, воведена е забрана за продажба на алкохол по 20 часот.
Швајцарија воведе задолжително носење маски на сите затворени места, како и забрана за собирање на повеќе од 15 лица на едно место.
Чешка сè уште не одлучила дали е потребен карантин, а таа земја во моментов е прва според бројот на заразени во Европа.
Во Ирска денеска ќе бидат презентирани нови мерки, а се претпоставува дека ќе бидат затворени несуштинските продавници и компании.
Во Германија, канцеларката Ангела Меркел, поради зголемениот број заразени, ги повика луѓето да останат дома и да избегнуваат патувања доколку е можно.
Исто така, во Италија, од денеска, работата на баровите и рестораните, како и на локални настани е ограничена.