Корона вирусот во Кавадарци не ги поштеди и најмладите

by Frosina Fakova

Од корона вирусот кој повеќе од еден месец не стивнува во Кавадарци, освен тинејџерите, на удар се и децата. Вчера беше регистриран позитивен случај на деветгодишно дете, додека пак денес инфицирано е девојче на шестгодишна возраст.

И во двата случаи, блиски членови на семејствата на децата биле веќе позитивни на вирусот.

Исто така, во Кавадарци денес се регистрирани уште три лица на возраст од 35, 37 и 45 години. Единствено 45-годишниот пациент навел дека бил во контакт со позитивно лице, останатите две не знаеле како се заразиле. Сите со лесна клиничка слика остануваат на домашно лекување.

Почината е и една жена од Кавадарци (69), која од 11-ти август била хоспитализирана во Скопје на клиника.

Во Неготино денес е регистриран маж на 48 години, кој поради симптоми се тестирал, и не знаел од кого се инфицирал.

Вики Клинчарова

Поврзани новости