Корона вирусот- убиец излегол од лабораторија во Вухан?

by Fokus
Постојат сомневања дека смртоносниот вирус излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје, која се наоѓа во градот Вухан, од каде се прошири, пишува Блиц.бг.

Речиси и да не се споменува дека постои ваква врвна лабораторија за безбедност, ниту вицепремиерот на Националната здравствена комисија (НХЦ) Ли Бин, ниту Гао Фу, директор на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, не кажаа ништо за време на брифингот во Пекинг во средата, иако многумина зборуваа за непознатото потекло и природата на болеста.

Како што пишува бугарскиот портал, Кина ја отворила оваа лабораторија во јануари 2018 година за  да ги испита опасните патогени микроорганизми, како што е сега раширениот корона вирус, за истражување и пронаоѓање на лек за нив – дел од долгорочното планирање по епидемијата на САРС 2002-03 година во Кина, кога починаа над 700 луѓе.

Кина ja изгради лабораторијата во Вухан за да ги проучи САРС и еболата, а американските експерти за биосигурност уште тогаш предупредуваа дека вирусот може да „избега“ од објектот што стана клучен во борбата против епидемијата, објави „Дејли мејл“.

Сега, корона вирусот сличен на САРС, зарази повеќе од 800 луѓе таму, ширејќи се во најмалку 10 други земји и убивајќи 25 во Вухан и околните провинции.

Поврзани новости