Конзервативците на Меј го губат мнозинството во Парламентот

by Fokus

Британската конзервативна партија, на премиерката Тереза Меј останува и натаму партија со најмногу пратеници во долниот дом на Парламентот, но ќе го загуби досегашното мнозинство, покажуваат резултатите од вчерашните предвремени парламентарни избори во Велика Британија.

Тоа не се конечни резултати, но заедничкото истражување на неколку агенции покажуваат дека конзервативците би освоиле 314 пратенички места, или 17 помалку од досега, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин, би имала 266 пратеници, што е за 34 пратеници повеќе отколку на претходните избори во мај 2015 година

Поврзани новости