Концертот на Слаткар прекинат поради дождот, па продолжен, Цеца скромна и без посебни барања во Кавадарци

by fokus

Манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер 2018” привлече илјадници гости во Кавадарци. Богатата културно – уметничка програма и многубројните настани кои се случуваат на повеќе локации во градот ги исполнија угостителските капацитети. Покрај настаните од културата, спортот и винарството, актуелни се и музичките случувања.

Вчера свој концерт на градскиот плоштад имаше хип – хоп музичарот Марко Маринковиќ – Слаткар, а настанот накратко беше одложен поради силниот дожд. Неговите фанови стрпливо чекаа времето да се стабилизира, а откако дождот престана, тој го продолжи концертот пред преполниот плоштад.

Вечерва продолжуваат музичките настани, со концерти на Љубојна, Џамбо и оркестар Агушеви и Некст Тајм. Утре пак, во Кавадарци ќе пристигне главната музичка ѕвезда на манифестацијата, српската турбо – фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

Од организаторите на настанот дознаваме дека Цеца ќе остане во Кавадарци до понеделник. Околу тоа дали Ражнатовиќ имала некои посебни барања додека е во градот, како што обично практикуваат повеќето музички ѕвезди, организаторите велат дека таа била доста скромна, и немала ниту едно барање, ниту пак инсистирала на некаков посебен третман.

Моментално, во Кавадарци во тек е изложбата на олд тајмери, каде има доста гости од странство. Од 15 часот, во паркот наспроти Полициската Станица ќе започне забавата со повеќе музички групи, кои ќе настапат со староградски песни. Карневалското дефиле пак, ќе се одржи утре, во недела, со почеток од 13 часот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости