Меркел: Ние не ви се закануваме, но само со успешен референдум ќе влезете во ЕУ и НАТО!

by fokus

Откако германската канцеларка Ангела Меркел ги повика македонските граѓани да излезат на референдумот за името на 30 септември и да ја искористат шансата која според неа им се нуди еднаш во животот, доби новинарско прашање зошто само преку закана за смена на името Македонија може да стане дел од ЕУ и НАТО.

-Ова не е закана и јас не сум за закани, ако има позитивен исход референдумот вие можете да станете членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Но, има предуслови. Имаше спор, мораше да се најде решение за тој спор. Затоа, прашањето на НАТО и решението на тој спор се многу тесно поврзани, бидејќи знаеме дека нема сите членки да гласаат за прием на вашата земја во НАТО, ако ова не биде решено, одговори Меркел.

Поврзани новости