478
56-годишен жител на скопското село Марино, пријавил дека вчера во 07.20 часот бил навредуван и физички нападнат од контролор на ЈСП, информира МВР.
„Во Полициската станица Драчево вчера во 11.00 часот, Г.М.(56) од скопското село Марино, пријавил дека истиот ден во 07.20 часот во автобус на ЈСП Скопје бил навредуван и физички нападнат од страна на контролор во ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“