На таксист му впериле пиштол и му одзеле околу 100 евра

by fokus

49-годишен таксист од Скопје бил ограбен од две непознати лица додека ја вршел својата дејност. Крадците побеглане во непознат правец

„На 09.09.2018 година околу 08.00 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво над Г.Н.(49) од Скопје. Додека вршел такси дејност со патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сторителите со закана со пиштол му одзеле околу 5.500 денари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости