Конститутивна седница на Собранието во петок?

by fokus

Трајко Вељаноски ќе закаже конститутивна седница на новиот собраниски состав најдоцна до сабота, односно 31 декември, кога истекува рокот за нејзино одржување предвиден со Уставот, пишува ПлусИнфо.

Како што објаснуваат од неговиот кабинет точниот датум на одржување на оваа седница ќе биде познат откако ќе ги добијат уверенијата за освоените пратенички мандати. Претседателот на ДИК Александар Чичаковски најави дека во среда ќе ги достави до Собранието уверенијата за пратениците.

Спoред неофицијалните информации, конститутивната седница најверојатно ќе се одржи во петок. Но тогаш само ќе се верификуваат мандатите, по што седницата ќе биде прекината без да се избере претседател на Собранието.

Поврзани новости