587
Длабоко жалам за трагичниот настан денеска во кој 45 македонски граѓани, вклучително и 12 деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија, напиша на Твитер конгресменката Клаудија Тени.
-Испраќам сочувство од сѐ срце до семејствата на жртвите, и се молам за оние кои беа повредени, напиша конгресменката.
Тени, републиканка избрана од 22-от дистрикт на Њујорк, е член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и дел од поддржувачите на Македонија во американскиот Конрес.
Таа е една од потписниците на писмото, испратено минатата недела, од повеќе конгресмени до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, во кое се бара Бугарија да ја тргне блокадата за преговори на Северна Македонија со ЕУ.