За два до три дена ќе пристигнат телата на жртвите од трагичната несреќа

by Fokus 23:31
23:31

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за Алсат, вели дека исконтактирале со роднините на жртвите и даде одговор за колку време телата на настраданите ќе пристигнат во Македонија.

„Се уште немаме ништо официјално, чекаме, не ги знаеме причините. Се уште ја чекаме истрагата од бугарските власти, а во наредните денови ќе ве информираме се. Се очекува телата на жртвите да пристигнат во рок од два или три дена”, истакна Буши.

Поврзани новости