Коневски: Здраво е да се има различно мислење, не правам нова партија

by fokus

Поранешниот градоначлник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски ги демантира шпекулациите дека учествува во правење нова партија. Вели дека работи единствено на обединување на ВМРО-ДПМНЕ.

-Постојат многу шпекулации во јавноста дека учествувам во формирање на некоја нова политичка партија. На креаторите на овие информации сакам да им порачам дека за мене постои само една партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Знам дека тоа на некои луѓе не им одговара, но тие треба да разберат дека тоа што јас и дел од раководството на партијата можеби имаме различно мислење за одредени прашања е секако здраво за зајакнување на демократските капацитети на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека сите ние заедно имаме само една цел, а тоа е Македонија да оди напред. Само со сплотени сили и конструктивен пристап можеме да победиме на претстојните избори. А, на оние што посакуваат раскол во нашите редови уште еднаш им испраќам порака дека секогаш сум работел и ќе продолжам да работам единствено на обединување и победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ништо друго, напиша Коневски на Фејсбук.

Поврзани новости