Анѓушев најави затворање на дел од факултетите

by fokus

Образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата. Загрижувачки е тоа што во државава 90% млади одат на факултет, а во истовреме немаме квалификувани работници, како заварувачи, шофери и слично, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашната Топ Тема на Телма.

На прашањето што со лиценците на факултети, кои постојат во голем број во државата, вицепремиерот Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

– Она што го направи оваа влада- не издаваме нови лиценци на нови факултети, туку како ќе им истекуваат лиценците така ќе престанат да постојат, рече Анѓушев.

Поврзани новости