Оваа борба не направи само посилни, затоа што делата што ги оставаме се бесмртни, делата се резултат на несебично вложување и макотрпна работа, порача вечерва кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.
-И покрај водењето политика исполнета само со гнев и омраза, празни обвинувања за непостоечки криминали, малограѓански понижувања – СДС се соочува со уште еден изборен неуспех. Мислеа дека ќе се откажеме, ќе ја промениме насоката, ќе го напуштиме својот пат. Работа! Секогаш Работа! На 15-ти Октомври, гласајте за бројот 13, и можеби уште поважно, заокружете го бројот 13 и пред Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Др. Виктор Камиловски и дајте им ветар во едрата на новите проекти, на Новата Ера на Аеродром. Затоа што Аеродром мора да оди напред, и тоа никој не може да го запре! Заедно сплотени, за Општина Аеродром, За Скопје, За Македонија! Да сте живи и здрави и заедно да славиме, рече Коневски.