Шекеринска: Правдата ќе биде задоволена кога ќе одговараат организаторите

by fokus

Најважно од се, правдата нема да биде задоволена ако тие кои ги организираа, платија, им ги отворија вратите на насилниците не одговараат, е реакцијата на Радмила Шекеринска по пресудата за насилникот кој ја влечеше за коса на крвавиот четврток.

-За мене беше важно да се казни насилството и да се испрати пораката во оваа наша Македонија, дека насилството се казнува и ниту едно не смее да помине туку така, неказнето. Тие денови бевме помеѓу животот и смртта. Нашите домашни, семејствата не знаеја дали ќе се вратиме од работа живи или не. Јас не сум судија, не барав одмазда, барав правда. За мене клучна беше одлуката на Судот дека насилството мора да биде казнето. Просецот тука не запира. Во таа сала беа присутни повеќе насилници, некои и поопасни. Најважно од се, правдата нема да биде задоволена ако тие кои ги организираа, платија, им ги отворија вратите на насилниците не одговараат. Само така ќе ја пратиме пораките дека ова не смее да се повтори во Македонија, рече Шекеринска.

Поврзани новости