Коневски: Мицкоски мора да даде отчет по толку порази

by Fokus

Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното, истакна поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски во гостувањето во „Стадион“ на Канал 77.

„После сите премрежија изминатите три години низ кои помина новото раководство, оние порази кои ги доживеа и на локални и на претседателски избори и порази на последните парламентарни избори, мислам дека членовите кои го бираа претседателот Мицкоски заслужија тој да даде отчет пред нив, затоа што сепак мислам дека тие се најзаслужни за тоа што тој е претседател на партијата и согласно статутот Конгресот е највисок орган на партијата. Тој треба да даде образложение за сите оние изборни резултати кои што ги имавме во овие изборни циклуси“, рече Коневски.

Поврзани новости