Коневски: Едмонд Темелко има сериозна болест, не може да станува од кревет, ниту да се пресоблекува

by Fokus

Притворот на Едмонд Темелко е политичка тортура и газење на човековите права. Тој има сериозна болест од која секој ден му е загрозен животот, вели Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Едмонд Темелко има сериозна болест од која што секој ден му е загрозен животот. Едмонд Темелко сам не може ниту да стане од кревет. Заради болеста, Едмонд Темелко не може сам да се пресоблекува, ниту да ги извршува физиолошките потреби. Едмонд Темелко има проблеми со дишењето, со хранењето, и со движењето. Едмонд Темелко има проблеми со вртоглавици, со внатрешните органи и секојдневно се бори со неподносливи болки во мускулите и зглобовите. Едмонд Темелко нема соодветна здравствена нега бидејќи таа не може да му биде пружена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Едмонд Темелко, секој ден успева да го преживее благодарение на помошта што ја добива од друго притворено лице. Едмонд Темелко веќе два месеци, секојдневно се бори за сопствениот живот во нехумани услови затоа што Заев, СЈО и судовите под нивна контрола решиле да му се одмаздуваат“, обвини Коневски.

Поврзани новости