Коневски до Мицкоски: Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку подобро за ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Откако Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изјави дека е време за промена во партијата, со зајадлива реакција се јави Димче Арсовски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Добро е што Коневски излезе со став, инаку сликата на печалбар од ВМРО-ДПМНЕ не би била потполна. Очигледно адвокатурата му иде толку лошо, што сега има желба да менува професија и да се враќа во политика, каде што пак последните години од кариера му идеше ушто полошо од адвокатурата сега, напиша Арсовски.

На ваквата реакција, пак му возврати Коневски.

-Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата.
По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене.
Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ.
Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата, напиша Коневски.

Поврзани новости