1.1K
Судот ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.
Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови моменти.
Денешното рочиште продолжува со изведување на дополнителни материјани докази, предложени од одбраната, кои судот прифати да бидат изведени во дополнителна постапка.
Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Гаврил Бубевски.