Комуникација меѓу Ахмети и Мицкоски: Нашата соработка не завршила

by Фокус

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека конекцијата со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е во функција, но, како што нагласува, не за персонални или групни интереси, туку за инетереси на државата и граѓаните.

– Лидерска за конкретни теми, како што истакнав за проблемот со Бугарија, или за теми што барат етнички и политички консензус. Но, за предвремени парламентарни избори, не. Опозицијата секаде во Европа, два дена откако ќе ги изгуби изборите бара предвремени парламентарни избори. Нормално е опозицијата да бара предвремени избори. Јас имам комуникација со опозициските партии, особено со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за прашања во интерес на државата – изјави Ахмети во интервју за Клан.

Како што вели тој, соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не завршила.

-Нашата соработка со ВМРО-ДПМНЕ не завршила. Ние имаме комуникација со ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Ахмети.

Поврзани новости