Десетина културни работници кои денеска се организираа да го зачистат Клинички центар, беа претркани од екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кои го исчистија просторот меѓу клиниките пред нив. И покрај тоа, актери, драмски уметници од МОБ и совесни граѓани ја направија најавената генералка.
-Направивме обиколка, генерално беше чисто, ама сепак собравме околу 10 ќеси ѓубре – вели Сања Арсовска од Драмскиот театар.
Како што рече таа сезоната во театрите завршила, имаат слободно време и затоа одлучиле да го искористат корисно и да бидат општествено одговорни.
–Одлучивме да почнеме една летна акција во која секоја недела на различни критични места ќе се појавуваме и ќе го собираме ѓубрето. Целта на оваа иницијатива е да ја потикнеме совеста кај несовесните граѓани и нивната одговорност кон животната средина – рече Арсовска.
Фото: Социјални мрежи