Со мотоцикл удрил во пешак на магистрален пат

by Фокус

Мотоцикл управуван од А.С.(28) од Македонска Каменица, вчера после полноќ, на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица, удрил во пешакот А.З.(37) од Македонска Каменица.

Според МВР, во незгодата пешакот здобил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип и бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости