Хаос и нереди на улиците во Атина за време на протестите по трагедијата во Грција каде се судрија два воза, при што загинаа десетици луѓе. Демонстрантите маршираат по улиците и извикуваат пароли против Владата, при што дојде до судир со полицискиот кордони, по што беа употребени солзавци.
Граѓаните ја обвинуваат Владата за железничката трагедија. Незадоволството на народот потекнува од таму што железничката компанија „Хеленик Треин“, која управува со патничките и товарните возила, беше приватизирана во 2017 година. Претходно беше во сопственост на државата.
As a result of the negligence of the Greek state, the death of 36 people in the Train massacre last night was protested in Athens. Greek police repeatedly attacked the protesters with chemical gasses. #Τεμπη #Τεμπη_Τραγωδια #Λαρισα #τρενα #τραυματιες #Antireport #Greece pic.twitter.com/V5E62VIunC
— Partizan Yunanistan (@partizanGreece1) March 1, 2023
Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изјави вечерва дека наодите за сега укажуваат дека причина за несреќата е човечка грешка. Додаде дека ќе биде формирана независна комисија на експерти која ќе биде задолжена за истрагата.
🚨Δείτε εδώ τι κάνουν τα μουνόπανα στο παιδί🚨
Εμείς θρηνούμε τους νεκρούς μας
και οι μπάτσοι προστατεύουν τα αφεντικά τους#Τεμπη_Τραγωδια #hellenic_train #τρενα #Λαρισα #τραινοσε #GreeceTrainAccident #antireport #συγκρουση_τρενων pic.twitter.com/SLEFEhv7Kt— Αδιάκριτος (@adiakrit0s) March 1, 2023
„Штотуку се вратив од местото на трагедијата која ќе остане засекогаш во нашето колективно сеќавање. Десетина наши сограѓани Грци, повеќето млади луѓе, го загубија својот живот во страшната железничка несреќа која не е забележана во историјата на нашата земја“, изјави Мицотакис.