КОМОРАТА ДО БЕРЗАТА – ПОСЛУШАЈТЕ ГО ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ

by fokus

Првичната иницијатива е испратена од Стопанската комора на Северна Македонија на ден 3.11.2021 година во која покрај одложувањето на примената, се наведува дека процесот на донесување на Кодексот е спроведен без консултација на бизнис заедницата. Одговор од Македонска берза АД Скопје е добиен на 15.11.2021 година во кој наведуваат дека постојната временска рамка за почеток на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 20.09.2021 година, и новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата не треба да се менува и дека процесот на донесување на кодексот бил транспарентен и во консултација на котираните друштва.

На овој допис, Стопанската комора на Северна Македонија повторно одговара, но овој пат, со иницијатива потпишана од страна на самите котираните друштва кои имаат обврска за негова примена. Во иницијатива самите компании своерачно потпишани апелираат, укажуваат и бараат одложување на неговата примена од пролетта 2023 година, односно со вградување на соодветната Изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година. Компаниите со своето потпишување на заедничка иницијатива, го потврдуваат фактот дека консултација со бизнис заедницата во делот на почеток на нејзината примена не е извршена и укажуваат дека работат во исклучително тешки услови на стопанисување, во услови на здравствената, економската и енергетската криза, која наметнува огромни активности и дејствиа насочени кон одржување на нивната деловна активност, односно насочена кон одржување и зголемување на нивната конкурентност, продуктивност, настап на странски пазари и сл. и повеќе од потребно е да им се овозможи и излезе во пресрет на оваа иницијатива.

 

Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема бизнис асоцијација во Република Северна Македонија во функција на застапување на интересите на членовите веќе еден месец и половина, со две иницијативи упатени до Македонска берза АД Скопје укажува, бара и посочува на неодложната потреба од одложување на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза и на Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза АД Скопје кои се објавија и стапија на сила од 26.10.2021 година и нивната примена да отпочне од пролетта 2023 година со вградување на соодветната Изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година

Поврзани новости