Над еден милион заразени со корона вирус во Грција

by fokus

Со вчерашните 3.225 новозаразени, Грција надмина еден милион регистрирани случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а поголемиот дел од земјата е во темно црвена боја на епидемиолошката мапа, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, потврдени се 1.002.877 заразени во изминатите 22 месеци, односно по регистрираниот прв случај кон крајот на февруари минатата година.

Од почетокот на пандемијата во земјата починаа 19.248 лица, а направени се над 40 милиони тестови од кои 32.880.990 се рапид а останатите се ПЦР.

Поврзани новости