Лукашенко се закани дека ќе го прекине гасот за Европа

by fokus

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата би можела да го прекине транзитот на гас за Европа доколку западните санкции го доведат Минск во вонредна состојба и ако не постои друг начин да се одговори.

– Доколку санкциите кои тие ги воведуваат или ќе ги воведат, во иднина нè доведат до вонредна состојба и ако немаме излез да одговориме со други мерки на тие санкции, тогаш ќе ја искористиме и таа остра мерка, истакна Лукашенко во интервју за турската РТВ ТРТ.

Тој интервју за турската РТВ ТРТ, Лукашенко изјави дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде постабилен.

Лукашенко објасни дека Минск и Москва ќе ги имаат предвид сите грешки на Европската унија, за да не ги повторат, и дека ќе користат позитивни искуства.

– Второ, ние излеговме од иста држава – Советскиот Сојуз и знаеме што да зачуваме од советското минато, а што нема да ни користи, додаде белорускиот претседател.

Лукашенко посочи дека процесот на интеграција на двете земји ќе биде прогресивен и нема да биде врзан за никакви временски рокови.

Русија и Белорусија потпишаа Договорот за Сојуз меѓу двете земји во 1997 година, а главни цели беа зајакнување на соработката и стабилен развој врз основа на меѓусебно обединување на потенцијалите.

Поврзани новости