„Комитите“ на ВМРО во Делчево крваво се пресметале

by lali 16:22
16:22

Пред неколку дена веселата атмосфера на Комитската вечер на ВМРО ДПМНЕ во Делчево преминала во насилство. Од се уште не познати причини, но соговорниците на „Фокус“ тврдат дека и алкохолот имал влијание, група партиски локални челници му се истуриле на претседател на еден од месните комитетети за Делчево.

Тој со повреди побарал лекарска помош и подготвил документација со која во полиција ги пријавил неколкутемина партиски другари, пред се, претседателот на општинскиот комитет и партискиот секретар. Ги обвинува дека предизвикале насилство и му нанеле телесни повреди.

- Advertising -

На мета на налутените бил и градоначалникот на Делчево, но за среќа не го удриле и поминал само со исвиркување во знак на некакво негодување. Соговониците на „Фокус“ во страв не откриваат повеќе детали за настанот. Признаваат дека не било само до тензијата конкретната вечер, туку дека постојат подлабоки недоразбирања и конфронтации. Дури споменуваат и несогласувања со неистомислениците кои зачестиле во партијата.

komitska delcevo 1

Од фотографиите кои јавно на социјалните мрежи ги објавуваат некои од гостите се гледа дека како домаќини на главната маса седат пратеничката Силвана Бонева, министерот за информатика, Иво Ивановски и заменичката министерка за правда Билјана Бришкоска Бошковска. Но ни потврдија дека бил и пратеникот Влатко Ѓорчев. Делчевските домаќини биле мирни додека високите гости биле на забавата. Се се случило после полноќ, откако тие заминале, а другите избрале со тупаници да си посакаат добра ноќ.

 

 

Поврзани новости