500
Навивачката група Комити извести дека го поддржува вечерашниот протест против договорот со Грција. Притоа, Комитите порачаа дека нема да дозволат промоција на партии и поединци, ниту да се истакнуваат знамиња на други држави. Воедно, од навивачката група имаа порака и до новинарите:
„Во последено време, одредени рекетарски новинари и медиуми се обидуваат да не оцрнат, но очигледно не сфатиле ниедна од нашите пораки. Ако вашиот мизерен живот е ставен во служба на политичките елити и немате сопствено јас, ние не сме ви криви, сеедно ви е и по вас ќе дојдеме. Да живее Македонија!“.