Млади за Македонија, поддржувачи на протестот: Ако забележите провокатори со фантомки, предадете ги на полицијата!

by Фокус

Од Млади за Македонија, едни од поддржувачите на вечерашниот протест против договорот со Грција за промена на уставното име на Македонија, ги повикаа граѓаните што ќе демонтрираат доколку забележат лица со фантомки да ги предадат на полицијата.

„Кружат информции дека на денешниот протест ќе има инфилтрирани провокатори со фантомки, кои имаат за цел да ја нападнат полицијата и да предизвикаат немири. Со тоа и да нанесат штета на одбраната на името. Ве повикувме сите вие на секој оној кој има фантомка да му ја отстраните фантомката и истото лице да го предадете на полицијата. Исто така, со мобилните камери снимајте ги сите лица кои се провокатори, важно е да биде отстранета фантомката за да се знае кој ги прави провокациите. Сите кои доаѓаат со фантомки се дојдени за да направат инцидент и затоа не смее да се дозволи луѓе со фантомки воопште да бидат присутни на протестот“, напишаа на нивниот фејсбук профил.

Од таму додаваат дека се оградуваат од секаков вид на насилство, говор на омраза и недолично однесување.

Поврзани новости