485
Комитетот за заштита на правата, обвинува за селективно изрекување на мерката притвор, поради што најавија дека утре пред Основниот суд Скопје 1 ќе одржат прес конференција, на која, како што е најавено, преку конкретни аргументи и факти ќе ја обелоденат „селективната политика на судот во однос на изрекувањето на мерката притвор.“
Прес конференцијата ќе ја води Валентин Зафиров, професионалец со 15 годишно искуство како истражен судија и експерт во областа на кривично право.