СДСМ: Обвинетиот Груевски го очекува убедлив пораз на 11 декември

by fokus

Од СДСМ му реплицираа на изјавата Никола Груевски дека ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на претстојните парламентарни избори и тоа со „значајна разлика“.

-Обвинетиот Никола Груевски се уште не може да сфати дека неговото време помина.Обвинетиот Никола Груевски го очекува убедлив пораз на 11 декември. Наместо да си се лаже себеси со лажни анкети, Груевски нека си ја подготвува одбраната за на суд зашто дојде времето кога ќе одговара за сите криминали и прекршувања на законите што ги направи изминативе 10 години. Граѓаните веќе ја знаат вистината за обвинетиот криминалец Груевски, тие на своја кожа го чувстуваат пустошот кој го остави зад себе со неговите погубни политики, велат од СДСМ.

Отаму додаваат дека поминало времето кога Груевски можел да фалсификува избори и да влече граѓани за уши на гласање.

-Граѓаните нестрпливо го чекаат 11 декември за да му покажат на Груевски што мислат за него и за неговите послушници. Тогаш ќе добие одговор и што мислат за богатењето на неговата фамилија и на неговата партија и за целиот грабеж на сметка на граѓаните кои тонат во сиромаштија. На 11 декември Македонија ќе победи. Не очекува нов почеток, многу работа и поквалитетен живот“, порачува СДСМ.

Поврзани новости