Комитетот за човекови права упати неколку прашања до државата, очекувајќи во најскоро време да добие одговори по повод Меѓународниот ден за човекови права. Тие по кој знае кој пат прашуваат – зошто државата го ограничува правото на абортус?
– Ве молиме одговорете за загриженоста околу тоа дека Законот за прекинување на бременоста, со воведувањето на задолжително советување и период на чекање, како и јавните кампањи на Владата за ограничување правото на абортус, се во согласност со Пактот? Ве молиме известете за мерките кои се преземени за зголемување на пристапот до контрацептивни методи и мерките за намалување на доенечката смртност? – прашуваат од Комитетот за човекови права.
Од таму бараат бришење на законските ограничувања на правото на жената слободно да одлучува за сопственото тело и планирањето на родителството содржани во член 6 од законот за абортус и измена на содржината и начините за советување во правец на нивна синхронизација со препораките на Светската здравствена организација за безбеден абортус.