Атанасов: Од проектите на Груевски има само една цел, казните

by Фокус 14:59
14:59

Министерството за образование наместо да го повлече проектот за надворешно оценување или т.н. државен испит, продолжува тврдоглаво да го турка.Со ова паѓаат во вода тврдењата дека Владата била отворена за дебата. Да беше така ќе ја слушнеа дебатата што се одвиваше пред факултетите, во некои од јавните гласила, на социјалните мрежи, во неформалните разговори. Со вакви обвинувања на сметка на владејачката партија денеска излезе опозицискиот СДСМ.

Според Петар Атанасов, претседател на Комисијата за обрaзование и наука ако владата ги видеше реакциите на студентите, веднаш требаше да се повлече од овој проект.

- Advertisements -

– Еве го предлогот на Владата за проверка на знаењата на студентите преку надворешно оценување, на само две страници. Испитот ќе содржи по пет прашања од сите предмети за секоја наставна година и со различно ниво на сложеност. Груевски вели најлесно било да се повлечат. Не е најлесно. Тоа е најтешкото нешто за неговата суета.Од неговите образовни експерименти плачат првачињата.Од хаотичното екстерно во основните и средните училишта нема резултати. Има само проекти што имаат една цел: казни. Но, и понатаму ништо не е поважно од егото на премиерот и тесната група околу него. Дали е тоа машки, ако треба да говориме со речникот на Груевски? – прашува Атанасов.

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости