Комитетот на УНЕСКО одлучи да не ја стави Венеција на листата на загрозени светско наследство, игнорирајќи ги препораките на стручњаците.
-Комитетот за светско наследство… одлучи да не ги стави Венеција и нејзината лагуна на листата на загрозени места на светско наследство, се вели во соопштението на УНЕСКО, културната агенција на ОН, по состанокот на комитетот во Ријад, пренесе Ројтерс.
Италијанскиот министер за култура Џенаро Сандулијано изјави дека ставањето на Венеција на листата ќе биде неоправдан потег кој не се заснова на објективни факти.
-Венеција значи не е во опасност, изјави тој во соопштението.
Санџулиано рече дека УНЕСКО позитивно ги оценил обидите на Италија да ги реши проблемите со системите против поплави МОСЕ и неодамнешната одлука да започне со наплата на туристички билети, кои ќе почнат да се применуваат следната година.
Сепак, УНЕСКО изјави дека треба да се направи повеќе за да се заштити кревкиот град.
Комитетот ја повтори својата загриженост за важни прашања кои треба да се решат на вистински начин, во однос на одржувањето, масовниот туризам, развојните проекти и климатските промени, стои во соопштението.