Маричиќ: Мицкоски на средба со поранешниот бугарски премиер Петков кажал дека ги прифаќа Бугарите во Устав

by Fokus

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со поранешниот бугарски премиер Кирил Петков кажа дека ги прифаќа Бугарите во Устав., изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Баричиќ на ТВ24.

-Кога дојде  Петков и направи состаноци со сите лидери на политички партии, последната средба која ја имал, пред да се сретнеме пред заминување беше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Наа таа средба кажал, а потоа Мицкоски и јавно кажа, дека тој немал ништо против внесувањето на Бугарите во Уставот, ако се гарантира македонскиот јазик, изјави Маричиќ.

Тој додаде дека Владата токму тоа и го направи, односно побара гарантирање на македонскиот јазик и докажување на гаранцијата со изгласување на Договорот за ФРОНТЕКС, а за возврат внесувањето на Бугарите во Уставот беше поместено пред Втората меѓувладина конференција.

-Точката на спорење беше дали уставните измени да бидат пред почетокот на преговорите, откако ќе почнат или на крајот. Ние сакавме на крајот, Бугарија бараше да бидат пред првата меѓувладина конференција. Ние обезбедиме прва меѓувладина конференција, почеток на скринигот, македонски јазик и се обврзуваме да ги направиме уставните измени кои концептуално не се проблематични, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ неколку пати кажале дека немаат ништо против уставните измени, но дека имаатп роблем со членството во ЕУ.

-Ако се за ЕУ, нека ги гласаат уставните измени и нека ги отфрлат останатите точки од пакетот кои не им се допаѓаат, изјави Маричиќ.

Поврзани новости