Комисијата за личните карти работи без опозицијата, за СДСМ ова е нова драмолетка од кујната на ДПМНЕ

by Фокус

Анкетната комисија за аферата со фалсификуваните лични карти, која ВМРО-ДПМНЕ, заедно со ДУИ и ДПА, ја формираше без СДСМ, денеска ја одржа првата седница и го усвои деловникот за работа и покрај тоа што СДСМ не назначи свои членови во Комисијата.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски рече дека има доволно членови за да се усвои деловникот. Комисијата се договори откако ќе се усвои планот за работа, пратеничките групи да направат листа на сведоци кои ќе треба да бидат сослушани.

Пред почетокот на седницата на оваа Анкетната комисија, пратеникот Петре Шилегов од СДСМ на прес-конференција истакна дека ВМРО – ДПМНЕ измислува нова драмолетка за нова Анкетна комисии и го потврди бојкотот на опозицијата во нејзината работа.

Поврзани новости