Димитриев: Не чувствувам дека сум во сенка на Груевски

by Фокус

Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска имаше средба со членовите на ДИК, за која рече дека веќе направила сериозни подготовки за прoчистување на Избирачкиот список и смета дека откако партиите ќе се согласат за методологијата за пречистувањето, дека ДИК ќе може во соодветните рокови да одговори на предизвикот.

Димитриев рече дека  нема чувство дека сега и како премиер, повторно е во сенка на Никола Груевски.

-Мојата главна задача како премиер е да се организираат фер и демократски избори. Имам интензивни контакти со надлежните органи за изборите и немам чувство дека не сум присустен во јавноста, рече техничкиот премиер.

Тој дополни дека доколку партиите се договорат за методологијата за пречистување на Избирачкиот список, Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за таа задача.

Поврзани новости