НДП: Фридом Хаус потврди дека Македонија е лош пример за слободата на медиумите

by Фокус

Национална демократска преродба (НДП) денеска испрати соопштение во кое вели дека последниот извештај на Фридом хаус уште еднаш потврдува дека Македонија продолжува да биде лош пример за слободата на медиумите и борбата против корупцијата.

-Овој извештај силно го аргументира конзистентниот став дека земјата е далеку од фер и демократски избори, и дека се бара голема посветеност за решавање на круцијалните проблеми, вклучително и реформите во областа на слободата на медиумите. Национална демократска преродба потенцира дека притисоците и влијанието од политичките партии врз медиумите треба веднаш да престанат и да се овозможи нивно реформирање со цел слободно информирање без уцени и притисоци,  се вели во соопштението на НДП.

НДП повторува дека овие аргументи треба силно да ја убедат меѓународната заедница, иако тие се убедени, дека земјата е далеку од фер и демократски избори, и дека целата концентрација треба да се намени за решавање на круцијалните проблеми кои не дозволуваат никаков развој на земјата.

Поврзани новости