Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во својот извештај за досегашниот тек од изборната кампања за претседателските избори нагласува дека еден од кандидатите, поточно Гордана Силјановска Давкова, подлежи на дискриминирачки и неосновани критики за нејзината возраст и пол.
“Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед”, наведуваат од ОДИХР.
ОБСЕ/ОДИХР ја набљудува изборната кампања за претседателските избори и по тој повод го објави својот периодичен извештај за периодот од 11 март до втори април.
Од таму нотираат и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата.
Мисија за набљудување на изборите се состои од главен тим од 11 члена, со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи.